Општински вестиСкопје

Без струја утре и во вторник повеќе улици од Центар, Илинден и Петровец

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре и во вторник ќе останат повеќе улици од општините Центар, Илинден и Петровец.

Скопје, 25 јули 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре и во вторник ќе останат повеќе улици од општините Центар, Илинден и Петровец.

Како што информират од Центарот за управување со кризи, утре од 08:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од Маџир Маало – дел од улица „Вардарска“, дел од улица „Браќа Кошулчеви“, дел од улица „Марија Бурсаќ“ и „Кеј 13 Ноември“, куќни броеви од бр. 99 до бр. 110 во Општина Центар.

Во истата општина, без електрична енергија утре и во вторник ќе бидат и корисниците од улица „Наум Наумовски Борче“ – делот помеѓу улица „Орце Николов“ и улица „Илинденска“ и улица „Орце Николов“ бр. 95, бр.97 и бр. 99 од 08:30 до 14 часот.

Во вторник, од 06:30 до 08:30 часот струја ќе немаат корисниците од улица 34, од првиот влез сè до бензинската пумпа на Макпетрол во населба Илинден, како и корисниците од објектите кои се наоѓат покрај патот од село Петровец кон село Огњанци во општина Петровец од 9 до 12:30 часот. ар/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close