Општински вестиСкопје

Без струја утре и во недела делови од Гази Баба, во понеделник дел од Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа следните три дена без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа следните три дена без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

– Во сабота, во периодот од 08:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Челопек“, „173“ и дел од ул. „Ордан Чопела“, Општина Гази Баба.

–  Во недела, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Благоја Стефковски“ – кај складот на „Макпетрол“ и кај пругата, Општина Гази Баба.

– Во понеделник, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Ѓорче Петров“ од бр. 70 до бр, 110, Општина Ѓорче Петров. фф/скс/

Back to top button
Close
Close