Општински вестиСкопје

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош

Поради закажаните технички зафати, утре без струја ќе останат корисниците од дел од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Поради закажаните технички зафати, утре без струја ќе останат корисниците од дел од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Како што соопштија од РЦУК – Скопје, во период од 09:00 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од селото Кучково, над манастирот Свети Ѓорѓија.

Во период од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Кленоец“, „Мраморец“ и „Ангел Динев“.бт/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close