Општински вестиСервисни информацииСкопје

Без струја утре делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Карпош и Сопиште

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисници од неколку делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Карпош и Сопиште, соопштија од ЕВН.

Скопје, 2 март 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисници од неколку делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Карпош и Сопиште, соопштија од ЕВН.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Чучер во Општина Чучер Сандево, а дд 9 до 15 часот и корисниците на патниот правец Кисела Вода – Сопиште, првата улица лево по ресторан „Теферич“ во Општина Кисела Вода.

Од 10 до 12 часот без електрично напојуње ќе бидат корисниците од дел од улица Козле во Општина Карпош, а од 11 до 15:00 и корисниците од дел од ул.16 во село Сопиште. оџ/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close