Скопје

Без струја утре делови од Карпош, Центар и Кисела Вода

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Скопје, 3 август 2020 (МИА) – Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електро-системот.

Без струја во периодот од 08:30 до 13 часот ќе бидат корисниците во Градски парк во близина на ресторан „Балканика“ во општината Карпош, а во периодот од 08:30 до 14 часот корисниците од улицата „Орце Николов“ од број 162 до број 172 и улицата „Мирка Гинова“ од број 1 до број 27 во општината Центар.

Во периодот од 08:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Киро Крстевски“ и „Емил Зола“, а од 08:30 до 15:30 часот корисниците на улицата „Марко Орешковиќ“ во општината Кисела Вода. рп/

Back to top button
Close
Close