Општински вестиСкопје

Без струја утре делови од Центар и Бутел

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од општините Центар и Бутел.

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од општините Центар и Бутел.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи Скопје по известување на ЕВН, во периодот од 08:30-15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.Оце Николов на потегот од општина Центар до ул.Кострурски Херои (броеви од 109-121), во општина Центар.

Во периодот од 07:30-14:00 часот, пак без струја ќе останат корисниците од улиците: Александар Урдаревски, Петар Манџуков, деловните објекти околу пазарчето Бутел, ул.Бетовенова во општина Бутел. вг/

Back to top button
Close
Close