Општински вестиСкопје

Без струја утре делови од Аеродром, Сопиште и Студеничани

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Студеничани и Аеродром.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Студеничани и Аеродром.

Како што известуваат од „ЕВН Македонија“ АД, од 08.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Јаболце, Нова Брезница, Држилово, Патишка Река, објектите на ловиштето Јасен Елово, Осинчани, Црн Врв и Малчиште.

Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од булеварот „12-та Македонска Ударна Бригада“ од броевите 34 до 38 и корисниците од улицата „Ван Гог“ од броевите 6 до 10.

Од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Морани лоцирани под џамијата. Во периодот од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Долно Количани лоцирани во долниот дел од селото, како и корисниците од улицата 3.

Од 12.00 до 14.30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Ракотинци – место викано Црвена Прс.

Во периодот од 14.00 до 16.00 часот, објектот на Макпетрол лоциран во близината на ОХИС, додека можни се прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците кои се напојуваат од ТС Рудине и ТС Нутривет во склоп на фабриката ОХИС. бт/сп/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close