Општински вестиСкопје

Без струја утре дел од општините Гази Баба и Студеничани

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Студеничани, соопштуваат од РЦУК - Скопје.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Црешево, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците од селото Варвара, Општина Студеничани. фф/са/

Back to top button
Close
Close