Општински вестиСкопје

Без струја утре дел од корисниците од Центар и Бутел

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Бутел, соопшти РЦУК.

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Бутел, соопшти РЦУК.

Без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15 часот, ќе останат корисниците од улица „Орце Николов“ на потегот од општина Центар до улица „Кострурски Херои“ (броеви од 109-121) во општина Центар.

Во периодот од 07:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Александар Урдаревски“, „Петар Манџуков“, деловните објекти околу пазарчето Бутел, улица „Бетовенова“ во општина Бутел. мс/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close