Општински вестиСкопје

Без струја повеќе скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска, во понеделник и во вторник без електрична енергија ќе останат повеќе скопски општини.

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска, во понеделник и во вторник без електрична енергија ќе останат повеќе скопски општини.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, денеска од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат потрошувачите во околината на објектите на ПЗУ „Бела Дент“ и Агроунија на улица 8 во населбата Илинден.

Во понеделник, 8 февруари, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Марко Крале“ во Општина Бутел, а од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Невена Георгиева Дуња“ и „368“ во Општина Кисела Вода.

Истиот ден од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Во вторник, 9 февруари од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од селото Горно Лисиче во Општина Аеродром.

Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, подулица бр. 22 во Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Бранко Заревски“, делот меѓу Пазарот и Поштата во населбата Драчево.

Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Боривое Милошевски“ во Општина Гази Баба.бт/

Таг
Back to top button
Close
Close