Svet.SlajderСветСвет.Портал

Без работа и иднина илјадници работници во Индија тргнаа кон своите родни места

Десетици илјади работници-мигранти се движат по патиштата и железниците низ Индија или се возат со камиони, автобуси и во преполните возови, оставајќи ги градовите каде ги загубиле работните места поради пандемијата на коронавирусот.

Њу Делхи, 16 мај 2020 (МИА)  – Десетици илјади работници-мигранти се движат по патиштата и железниците низ Индија или се возат со камиони, автобуси и во преполните возови, оставајќи ги градовите каде ги загубиле работните места поради пандемијата на коронавирусот.

И покрај големата жештина некои од нив се следени од бремени жени и деца, игнорирајќи ја заканата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Работниците велат дека биле присилени да ги напуштат градовите каде со години работеле на изградба на куќи и патишта, откако нивните работодавци ги отпуштиле по воведувањето на рестриктивните мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесуваат американските медиуми.

Индиските власти и хуманитарните организации се обидоа да создадат засолништа за нив, но бидејќи нивниот број е огромен, работниците мигранти немаат друг избор освен да тргнат на опасното патување до нивните домови.

Воз минатата недела влета во група уморни работници, кои заспале на пругата додека пешки оделе дома, во индиската држава Махарастра. Притоа 16 од нив загинаа, а други 23 работници загинаа во сообраќајна незгода во саботата во северна Индија.

-Не знам каква иднина има за мене. Едно е сигурно. Ако умрам, ќе умрам дома. Никогаш повеќе нема да стапнам во Њу Делхи, рече 28-годишниот ѕидар Хари Рам.

Вториот работник Дасрат (32) вели дека политичарите во Индија „ доаѓаат кај нас само кога треба да гласаме за нив за време на изборите“.

-Сега се соочуваме со многу тешка ситуација, никој не ни помага, рече тој.

Половината од индиското населението заработува помалку од три долари  дневно. сд.

Back to top button
Close
Close