0_Спорт.ПорталКошарка

Без „Ол стар“ натпревар во НБА-сезоната 2020/2021

НБА објави дека „Ол стар“ натпреварот во Индијанаполис во 2021 година е одложен за февруари 2024 година.

Вашингтон, 26 ноември 2020 (МИА) – НБА објави дека „Ол стар“ натпреварот во Индијанаполис во 2021 година е одложен за февруари 2024 година.

Мачот на ѕвездите од најсилната кошаркарска лига на светот првично закажан за 12-14 февруари 2021 година, ќе се одржи на 16-18 февруари 2024 година.

Во 2022 година „Ол стар“ натпреварот во НБА ќе се одржи во Кливленд, во 2023 година – во Солт Лејк Сити.

Сезоната 2020/2021 во НБА започнува на 22 декември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close