Дописници МКДОпштински вести

Бетонирани краци од две улици во Гевгелија

Заврши бетонирањето на три улични краци во Гевгелија од кои два на улицата „Деко Ковачев“ и еден на улицата „Серменинска“. Краците беа на листата од Оперативниот план на општина Гевгелија за уредување на помали улици и краци со цел на граѓаните да им се обезбедат поквалитетни услови за живот.

Гевгелија, 4 јуни 2020 (МИА) – Заврши бетонирањето на три улични краци во Гевгелија од кои два на улицата „Деко Ковачев“ и еден на улицата „Серменинска“. Краците беа на листата од Оперативниот план на општина Гевгелија за уредување на помали улици и краци со цел на граѓаните да им се обезбедат поквалитетни услови за живот.

Градоначалникот Сашо Поцков најави дека следниот период акцијата ќе продолжи и во услови на пандемија затоа што не бара поголемо ангажирање на градежна механизација.

– Со бетонираните краци двете гевгелиски улици денеска имаат нов изглед. Жителите на овие улици, кои гравитираат во западниот дел на градот во близина на новиот хотел „Блек пеинт“ добија уредена и соодветна патна инфраструктура што ја заслужуваат после толку чекање, рече Поцков напоменувајќи дека локалната самоуправа гради по план за поубава Гевгелија. им/ир

Таг
Back to top button
Close
Close