Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Бетониран и ограден дворот на подрачното училиште во Прдејци

Во подрачното училиште во Прдејци, кое работи во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци, завршија активностите за бетонирање и оградување на дворот, соопшти денеска директорката Жаклина Линкова.

Гевгелија, 22 јуни 2021(МИА) – Во подрачното училиште во Прдејци, кое работи во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци, завршија активностите за бетонирање и оградување на дворот, соопшти денеска директорката Жаклина Линкова.

– Секоја година матичното училиште издвојува финансиски средства од сопствениот буџет за подобрување на училишната инфраструктура и во помалите рурални средини со цел да овозможиме подобри услови за одвивање на воспитно образовниот процес така што со овој зафат нов уреден лик доби подрачното училиште во Прдејци, рече Линкова.

Посочи дека претходната година во истото училиште бил обновен инвентарот со нови клупи и столчиња за учениците од прво до трето одделение, кои следеа настава со физичко присуство и дека за потребите на учениците и наставниците биле монтирани нови табли и набавени телевизори за реализирање на онлајн наставата. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close