Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Бесплатни проекции на филмови утре и задутре во МКЦ парк

Бесплатни проекции / кино на отворено ќе се одржат утре и задутре во паркот на Младинскиот културен центар. 

Скопје, 16 јули 2020 (МИА) – Бесплатни проекции / кино на отворено ќе се одржат утре и задутре во паркот на Младинскиот културен центар.

Како што соопштија од Младинскиот културен центар, на репертоарот утре е филмот „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) во режија на Селин Шиама, а задутре „Everybody Knows“ (2018) во режија на Асгар Фархади. Проекциите почнуваат во 21 часот и обезбеден е превод на македонски јазик.

-Билетите се бесплатни и задолжителни, и можат да се набават преку bileti.mkc.mk. Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита, информираат од Младинскиот културен центар. рп/скс/

 

 

Back to top button
Close
Close