0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПарламентарни избори 2020Политика

Бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.

Како што соопшти Народниот правобранител, телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

-Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението. мд/са/

Back to top button
Close
Close