0_Македонија.ПорталОпштество

Бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила на веб-страницата на Службен весник (ДПЛ)

Граѓаните ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Граѓаните ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

– ЈП Службен весник на РСМ ја информира јавноста дека за време на траењето на вонредната состојба, преку својата веб-страница ќе овозможува бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ , се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.

Најновите прописи од секој број на службениот весник ќе бидат објавени на насловната страница од јавната страна www.slvesnik.com.mk, додека содржината на службениот дел од службениот весник ќе може да се побара во бесплатните изданија. дма/сп/

Back to top button
Close
Close