0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Бесими на средба со германската амбасадорка, разговарано за зајакнување на економската соработка

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средба со германската амбасадорка Анке Холстеин со која разговараше за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка со посебен акцент за поврзување на домашните компании со партнери од Германија. 

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средба со германската амбасадорка Анке Холстеин со која разговараше за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка со посебен акцент за поврзување на домашните компании со партнери од Германија. 

Бесими, како што соопшти Министерството за финансии, ги потенцирал приоритетите на Владата кои се во насока на постигнување забрзан и одржлив економски раст преку зголемување на конкуретноста на македонската економија, вложување во истражувањата, иновациите и човечкиот капитал, за што добил потврда од германската амбасадорка дека поддршката од германската страна ќе биде во насока на владините приоритети. 

На средбата станало збор и за билатералната финансиска соработка што се реализира преку Банката за развој KфВ и преку техничката соработка спроведувана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

Двете страни се согласиле дека концептот на дуално образование што во моментот се реализира во Северна Македонија, а е поддржан од германската Влада и Германско-македонската стопанска комора, е модел што дава резултати и е добра основа за младите да останат во државата. 

Министерот Бесими се заблагодарил за поддршката што Германија, во континуитет, ѝ ја даваше на земјава во процесот на полноправно членство во НАТО, како и за поддршката во процесот на приклучување кон Европската унија. 

Сојузна Република Германија е најзначен трговски партнер на Северна Македонија. бак/

Back to top button
Close
Close