Дописници МКДОпштински вестиПолитикаПолитички партии

Беса одлучи кои членови ќе бидат кандидати за пратеници

Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.

Тетово, 8 март 2020 (МИА) –  Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.

-Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.ас/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close