Политички партии

БЕСА: Алијансата за Албанците да одговори што се случи со трипартиската соработка?

Јавноста е во oчекување на една опозициона коалиција, која не само што треба да биде победничка на изборите што ке се одржат на 12 април, туку пред сè треба да претставува променае во пристапот на владеењето и самото владеење, особено кај Албанците.

Скопје, 27 јануари 2020 

Јавноста е во oчекување на една опозициона коалиција, која не само што треба да биде победничка на изборите што ке се одржат на 12 април, туку пред сè треба да претставува промена во пристапот на владеењето и самото владеење, особено кај Албанците.

Имајќи ги предвид овие принципи, Движењето БЕСА покажа политичка зрелост и толеранција со единствена причина да не ја убие надежта на граѓаните кои со огромна поддршка ги поддржуваат политиките на албанската опозиција од 2016 година или кажано на друг начин сакаат да ги казнат погрешните политики на ДУИ.

И покрај наметнувањето и демонстрацијата на сила од страна на другите политички партии, Движењето БЕСА продолжи мирно и претпазливо да ја задржи својата опозициска ориентација со тоа што  подаде раката за соработка со Алијансата за Албанците, прифаќајќи ја како лидер на овој опозиционен процес , не затоа што сме политички послаби, туку затоа што сериозно мислиме и сме убедени да ги донесеме промените.

Но за жал, сакаме да ја информираме јавноста и граѓаните дека дојдовме до точката каде што се сомневаме дека се злоупотребува нашата искреност, коректност и транспарентноста и тоа што е најлошо од целата оваа долготрајна ситуација е што поддржувачите на албанската опозицијата по секоја цена сакаат да се создаде победничка опција што  ќе ја  испрати ДУИ во опозиција и кај Албанците да се врати надежта со поинакво владеење по 12 април.

Поминаа скоро еден месец откако Движењето БЕСА, со одлука на централното раководство, ја прифати понудата на Алијансата за Албанците за трипартиска коалиција, како и обидите на Движењето БЕСА за трипартиска средба и покрај сите напори на Д. Беса и посредништвото од страна на нашите заеднички пријатели со АА, оваа иницијатива не доби завршница, па затоа денес јавно бараме од Алијансата за Албанците да одговори на јавноста за тоа што се случи со трипартиската соработка? Дали овој процес пропаднал или не, бидејки ние и целокупната јавност мора да ја знаеме вистината и овој одговор треба да го даде Алијансата за Албанците како иницијатор за трипартиска коалиција.

 

Прес-конференција на Арјанит Хоџа, генерален секретар на Движење БЕСА.

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close