Дописници МКДОпштински вести

Беровските советници ја проследија првата обука во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети

Единаесет советници од Советот на Општина Берово, заедно со претставници на општинската администрација, учествуваа на првата обука, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Берово, 24 февруари 2020 (МИА) – Единаесет советници од Советот на Општина Берово, заедно со претставници на општинската администрација, учествуваа на првата обука, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Во рамки на проектот, како што информираа од општината беровските советници и администивните службеници, ќе имаат можност да проследат неколку модули и ќе обработуваат различни теми, кои ќе ги опфатат сите општински надлежности.
-Првиот модул опфаќа теми, како партиципативност, транспрентност на советите, креирање на граѓански буџет, односите со јавност на советите и слично. Обуките се дел од проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој и соработка УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women, информираа од општината.
Главната цел на проектот „Зајакнување на општинските совети“, е да ги зајакне општинските совети, да станат поефективни и автономни тела и подобро да се справуваат со влијанието на извршната власт, преку соодветно исполнување на својата уставно доделена улога за одлучување, надзор и застапување.
– За таа цел ќе се одржи проектен форум, со учество на граѓаните на општина Берово, кои ќе имаат можност да учествуваат во донесувањето на одлука на локално ниво, за тоа кој проект од „Социјална инклузија” ќе се реализира со проектниот грант, во износ од максимум 2 милиони и 700 илјади денари или 50 илјади швајцарски франци, додадоа од Општината.
Со овие активности од локалната самоуправа очекуваат да се зголеми транспарентноста и отчетноста на градоначалникот кон Советот и на општината кон граѓаните како и да се подобрат условите за живот во локалната заедница, преку успешно спроведување на приоритетни проекти на заедницата. вс/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close