Дописници МКДОпштински вести

Беровскиот здравствен дом ја доби втората доза од кинеската вакцина „Синофарм“

Беровскиот здравствен дом попладнево ја доби втората доза од 200 кинески вакцини „Синофарм“. Директорката на Здравствен дом Берово д-р Весна Коловска информираше дека со втората доза ќе бидат опфатени граѓани кои имаат дпбиено „смс“ порака за вакцинација, како и здравствени работници кои немаат прележано Ковид-19 и немаат антитела, а имаат соодветен документ за вакцинација.

Берово, 12 мај 2021 (МИА) – Беровскиот здравствен дом попладнево ја доби втората доза од 200 кинески вакцини „Синофарм“. Директорката на Здравствен дом Берово д-р Весна Коловска информираше дека со втората доза ќе бидат опфатени граѓани кои имаат дпбиено „смс“ порака за вакцинација, како и здравствени работници кои немаат прележано Ковид-19 и немаат антитела, а имаат соодветен документ за вакцинација.

Граѓаните како најголем проблем го посочуваат немањето превоз од Берово до вакциналниот пункт во Штип, каде што им е одреден термин за да ја примаат вакцината.

– Вакцинацијата треба да биде во Здравствениот дом во Берово, бидејќи патувањето до Штип претставува огромен проблем со кој се соочуваме, не само за нас од Берово, туку и за целиот Источен регион, велат граѓани на Берово.

Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните на Берово, кои во последните неколку недели во голем број се пријавуваат за вакцинирање против Ковид 19, од здравствениот дом очекуваат поголема доза на вакцини и вакциналниот пункт од Здравниот дом во Берово да биде преместен во Бизнис инкубаторот, за што граѓаните дополнително ќе бидат известени. вс/мс/

Back to top button
Close
Close