0_Спорт.ПорталОстанато

Берово доби прволигаш во пинг-понг

Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин" од Берово продолжува со успешните резултати на државно ниво. Со победа во бараж натпреварот со 4:1 беровчани беа подобри од првакот во западниот регион „Евроспин“ од Битола со што се пласираа во Првата пинг-понг лига.

Берово, 31 мај 2021(МИА) – Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин” од Берово продолжува со успешните резултати на државно ниво. Со победа во бараж натпреварот со 4:1 беровчани беа подобри од првакот во западниот регион „Евроспин“ од Битола со што се пласираа во Првата пинг-понг лига.

– Нашите играчи се претставија во најдобро светло и во еден одличен натпревар ја надигравме првопласираната екипа од западниот регион поради што сум многу среќен. Со тоа ја остваривме нашата цел, а тоа е влез во првата македонска пинг-понг лига, истакна Јован Ковачовски, тренер на клубот.

За тренерот на беровчани радува и фактот што моментално од вкупно 18 репрезентативци избрани од актуелните ранг листи во категории од 12, 15 и 18 години, на подготовки со репрезентацијата на Македонија учествуваа и четири играчи од Берово.

– Тоа се младите Кристијан Каламадевски, Моника Стајковска и Изабела Ковачовска кои беа на подготовки со репрезентацијата на камп во Струмица, а Љупчо Треновски на европски камп во Подгорица. Оца покажува дека како клуб имаме на што да се радуваме. Како тренер сакам да им посакам уште поголеми успеси на нашите играчи и ќе продолжам да работам со нив и да ги мотивирам во нивните понатамошни достигнувања во областа на овој спорт, додаде Ковачовски.

По големиот подем на ППК ,,Зегин” во младите категории, со мотивирачка понуда до младите пингпонгари излезе главниот поддржувач на екипата кој ќе додели стипендија за секое дете кое ќе успее да влезе во репрезентацијата на Македонија. вс/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close