0_Спорт.ПорталФудбал

Бернардо Силва има понуда од Атлетико, но тој сака да оди во Барселона

Фудбалерот за врска Бернардо Силва може да го напушти Манчестер сити во текот на летниот преоден рок.

Мадрид, 16 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска Бернардо Силва може да го напушти Манчестер сити во текот на летниот преоден рок.

Според „Мундо Депортиво“, Силва има понуда од Атлетико, но тој повеќе сака да се пресели во Барселона, која исто така изразува интерес за трансфер на играчот.

Прво, Португалецот навистина го сака градот, тој често ја посетува Барселона. Второ, тој израсна играјќи во Барселона со која работеше Пеп Гвардиола, па затоа играњето за каталонскиот клуб е сон на играчот од средниот ред.

Бернардо Силва веќе му рече на Гвардиола дека би сакал да го смени клубот за поради нови предизвици.

Минатата сезона, 26-годишниот фудбалер одигра 26 натпревари во Премиер лигата, постигна два гола и направи шест асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close