0_Спорт.ПорталФудбал

Бернардески нема да му помогне на Јувентус во дуелот со Лацио поради дисквалификација

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески нема да игра на натпреварот од 34. коло од Серија А против Лацио, поради акумулирани жолти картони.

Торино, 16 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески нема да игра на натпреварот од 34. коло од Серија А против Лацио, поради акумулирани жолти картони.

Бернардески доби жолт картон вчеравечер во натпреварот од 33. коло против Сасуоло.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 33 натпревари за Јувентус, постигна еден гол и две асистенции.

Дербито Јувентус – Лацио кое може да биде решавачко за шампионскиот трофеј во Серија А е закажано за 20 јули.

По 33 кола Јувентус е прв со 77 бода, Аталанта е втора со 70, Лацио има 69. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close