0_Спорт.ПорталФудбал

Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на Кулушевски

Останувањето во тимот на крилниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески е доведено во прашање. Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.

Торино, 6 април 2020 (МИА) – Останувањето во тимот на крилниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески е доведено во прашање.

Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.

Претходно се водеа преговори дека Бернардески може да стане дел од договорот за трансфер на Лукас Пакета од Милан или Иван Ракитиќ од Барселона.

Договорот на Бернардески со Јувентус е со важност до јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close