0_Спорт.ПорталФудбал

Бернардески казнет со 40 илјади евра, на неговата плажа пронајдени се 11 илегални работници

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е казнет од италијанските власти. На плажата „Амаре Холи“, која се наоѓа во одморалиштето Марина ди Карара и е во сопственост на Италијанецот, пронајдени се 11 илегални работници.

Рим, 4 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е казнет од италијанските власти. На плажата „Амаре Холи“, која се наоѓа во одморалиштето Марина ди Карара и е во сопственост на Италијанецот, пронајдени се 11 илегални работници.

Според „La Nazione“, играчот е казнет со 40 илјади евра за овој прекршок. Плажата сега е суспендирана и затворена.

Вкупно 16 луѓе работеа на плажа, а само пет од нив ги имаа сите потребни документи. Според весникот, 11 илегални имигранти работеле како келнери, бармени и мијачи на садови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close