Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Берлин постепено ќе ги затвора образовните установи

Градот Берлин донесе одлука од следната недела да почне со постепено затворање на училиштата и градинките со цел да се намали ширењето на новиот коронавирус.

Берлин, 13 март 2020 (МИА) – Градот Берлин донесе одлука од следната недела да почне со постепено затворање на училиштата и градинките со цел да се намали ширењето на новиот коронавирус.

Истовремено, од понеделник, и јавниот превоз ќе биде сведен на неопходниот минимум, соопшти денеска градоначалникот Михаил Мулер.

Затворањето на воспитно-образовните установи ќе почне в понеделник, со суспендирање на наставата во средните училишта.

До вчера попладне, во Берлин беа потврдени 158 случаи на Ковид-19. ссм/

.

Back to top button
Close
Close