ЕвропаЕвропа.Портал

Берлин побара помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје во истрагата за „Случајот Навални“

Германските власти побараа помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје во истрагата за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти денеска меѓународната организација со седиште во Хаг

Хаг, 17 септември 2020 (МИА) – Германските власти побараа помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје во истрагата за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти денеска меѓународната организација со седиште во Хаг.

– Техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје прими барање од Сојузна Република Германија за техничка помош, се наведува во соопштението на Организацијата.

Исто така се посочува дека Организацијата земала биомедицински примероци од Навални за лабораториски анализи.

На Навални на 20 август за време на летот од Томск за Москва му се слоши при што беше хоспитализиран во Русија, а потоа беше префрлен на лекување во Германија. Според Германија, Навални е отруен со Новичок, хемиски агенс од времето на Советскиот Сојуз, додека Москва тврди дека не постојат докази за тоа.

Според последните информации отровот бил ставен во шише за вода, што Навални го испил во хотелската соба во Томск. Претходно се претпоставуваше дека Навални е отруен на аеродромот во Томск. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close