0_Спорт.ПорталТенис

Беретини се повлече од третиот турнир по ред

Осмиот светски рекет Матео Беретини, поради повреда на препоните, нема да игра на турнирот во Акапулко, Мексико, кој започнува следната недела.

Акапулко, 18 февруари 2020 (МИА) – Осмиот светски рекет Матео Беретини, поради повреда на препоните, нема да игра на турнирот во Акапулко, Мексико, кој започнува следната недела.

Оваа сезона, 23-годишниот Италијанец настапи само на два официјални натпревари. Претходно тој се повлече од турнирите во Буенос Аирес (Аргентина) и Рио де Жанеиро (Бразил).

Во март Беретини планира да игра на Мастерсите во САД во градовите Индијан Велс и Мајами, каде што загуби во првото коло минатата година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close