0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Бензините намалени за 0,5, а дизелот за 1,5 денар

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат, бензините за 0,5 денар, а дизелот за 1,5 денар. Намалувањето е резултат на падот на цената на суровата нафта на светските берзи.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат, бензините за 0,5 денар, а дизелот за 1,5 денар. Намалувањето е резултат на падот на цената на суровата нафта на светските берзи.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со денешната одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 процент, соопшти дека од вечерва на полноќ еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на БС-98 ќе изнесува 61,50 ден.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар. За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС  ќе изнесува 25,956 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 проценти, на дизелот за 5,626 отсто, на екстра лесното масло за 5,358 проценти, и на мазутот за 2,497 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64 проценти. бк/ац/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close