Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бени Ганц добива мандат за формирање нова израелска влада

Израелскиот претседател Рувен Ривлин ќе му даде мандат на опозицискиот лидер Бени Ганц да формира нова влада, по денешните консултации со лидерите на сите парламентарни партии.

Ерусалим, 15 март 2020 (МИА) – Израелскиот претседател Рувен Ривлин ќе му даде мандат на опозицискиот лидер Бени Ганц да формира нова влада, по денешните консултации со лидерите на сите парламентарни партии.

На неодамнешните избори во Израел најголем број гласови доби партијата Ликуд на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, но тој не успеа да обезбеди доволна поддршка во Парламентот.

Опозиционерот Ганц претходно денеска изјави дека добил поддршка од две клучни партии и ќе има рок од еден месец да формира влада.

– Утре околу пладне, претседателот ќе му даде задача да формира влада на лидерот на центристичката партија Сино-бело, Бени ганц, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close