0_Магазин.ПорталСцена

Бен Стилер нема да „го исече“ Доналд Трамп од „Зулендер“

Во филмскиот хит од 2001 година, Доналд Трамп се појавува кусо со својата девојка Меланија, тогаш - Кнаус. Години подоцна, шоуменот Трамп влезе во политиката, стана претседател на САД, па доби многу противници на неговата политика во својата земја.

Лос Анџелес, 13 јули 2020 (МИА) – Американскиот глумец и режисер Бен Стилер нема да го исфрли Доналд Трамп од неговата комедија „Зулендер“, и покрај притисоците од некои негови и обожаватели на филмот.

– Луѓе честопати ми приоѓаат и ми велат: Треба да го исечеш Трамп од „Зулендер“… Трамп се појавува во куси улоги во бројни филмови. Тогаш тој беше „нешто“!, вели комичарот.

Donald and Melania Trump in Zoolander (Credit: Paramount)

Во филмскиот хит од 2001 година, Доналд Трамп се појавува кусо со својата девојка Меланија, тогаш – Кнаус. Години подоцна, шоуменот Трамп влезе во политиката, стана претседател на САД, па доби многу противници на неговата политика во својата земја. Така, некој од нив сега бараат неговиот лик да биде избришан од комедијата на Стилер.

– Но, на крајот на краиштата тоа тогаш така се случи, па така и си остана, додава Стилер.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close