Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Белоруските власти почнаа да ги ослободуваат приведените демонстранти

Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови ги приведе на демонстрациите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко

Минск, 14 август 2020 (МИА) – Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови ги приведе на демонстрациите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Според очевидци голем број од ослободените демонстанти имаат видливи повреди. Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата.

Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени.

Во меѓувреме белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните.

– Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните, изјави Карајев.

Во меѓувреме, соработничката на претседателската кандидатла Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести

– Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин, истакна Колесникова. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close