Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Белоруски министер тврди дека нема штрајк во државната телевизија

Изјавата ја даде по информациите дека белоруската државна телевизија се приклучила на генералниот штрајк организиран за поддршка на демонстрантите.

Минск, 17 август 2020 (МИА) –  Белорускиот министер за информации Игор Луцки изјави денеска дека државната телевизија на Белорусија работи нормално.

Изјавата ја даде по информациите дека белоруската државна телевизија се приклучила на генералниот штрајк организиран за поддршка на демонстрантите.

„Телевизијата функционира нормално. Досега не добив информации за штрајк во Белоруската телевизија. Програмата се емитува, но колку што знам, има одредени проблеми”, нагласува тој.

Во исто време, вработените во компанијата „Белтелерадио“ тврдат дека во тек е штрајк и дека телевизијата Белорусија-1 во моментот емитува стари програми. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close