0_Спорт.ПорталОстанато

Белорусија: Претседателот Лукашенко играше хокеј пред полни трибини

Белорусија е единствена земја во Европа во која се игра фудбал, и покрај пандемијата на коронавирус, а денеска се играа натпревари и во аматерската лига во хокеј на мраз. На лизгалки и на терен излезе и претседателот на државата Александар Лукашенко, чија екипа е меѓу учесниците во плејофот.

Минск, 29 март 2020 (МИА) – Белорусија е единствена земја во Европа во која се игра фудбал, и покрај пандемијата на коронавирус, а денеска се играа натпревари и во аматерската лига во хокеј на мраз. На лизгалки и на терен излезе и претседателот на државата Александар Лукашенко, чија екипа е меѓу учесниците во плејофот.

Натпреварот се одигра пред полни трибини, а по завршување на средбата Лукашенко изјави:
„Овде нема вирус. Гледате негде во воздухот околу нас вирус? – Јас не го гледам. Овде е ладно како во фрижидер и тоа е добро за здравјето“.

Белорусија е земја со околу десет милиони жители и досега се регистрирани 100 случаи на коорнавирус. Дека болеста што го тресе светот не влијае врз белорускиот спорт е показател и фудбалскиот шампионат во кој викендов се комплетира второто коло. сѓд

Back to top button
Close
Close