0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Белингем го собори рекордот на Мбапе во Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем синоќа постигна гол во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, во 1. коло против Бешикташ (2:1). Англичанецот со овој погодок постави рекордот постанувајќи најмлад стрелец на два натпревара по ред во Лигата на шампионите.

Истанбул, 16 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем синоќа постигна гол во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, во 1. коло против Бешикташ (2:1). Англичанецот со овој погодок постави рекордот постанувајќи најмлад стрелец на два натпревара по ред во Лигата на шампионите.

Белингем, исто така, се запиша во листата на стрелците на реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА против Манчестер сити. Овој меч беше последен за тимот од Дортмунд во Лигата на шампионите минатата сезона.

На натпреварот против Бешикташ, Белингем имаше 18 години и 78 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе со 18 години и 85 дена. Французинот  рекордер стана во март 2017 година кога играше за Монако. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close