ЕвропаЕвропа.Портал

Белгискиот премиер и неколку министерства добија коверти со бел прав

Во кабинетот на белгискиот премиер и во неколку федерални министерства денеска биле испратени коверти со бел прав, објавија локалните медиуми.

Брисел, 10 јануари 2020 (МИА) – Во кабинетот на белгискиот премиер и во неколку федерални министерства денеска биле испратени коверти со бел прав, објавија локалните медиуми.

Веднаш биле ангажирани екипи на пожарникарската и на службите за цивилна заштита. Вработените во зградите биле евакуирани, се потврдува во соопштението.

Во Валонија вчера биле испратени осум коверти со бел прав на адреси на регионалните власти. При извршената проверка на пратките не биле откриени опасни материи за здравјето. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close