Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Белгиски научници истражуваат дали лековите за ревма се ефикасни против Ковид-19

Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за ревма во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.


Брисел, 6 април 2020 (МИА) – Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за ревма во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Целта на истражувањето е да се утврди дали овие лекови ја забавуваат инфламаторната реакција, која произлегува од инфекцијата со Ковид-19.

Според научниците, околу дваесет отсто од заразените претставуваат тешки заболувања на белите дробови, кои предизвикуваат недостиг на кислород во телото.

Испитувањата се фокусираат на улогата на инфламаторните супстанции во организмот, кои го предизвикуваат воспалението кога имунитетот е силно погоден. Овие супстанции наречени цитокини играат улога и кај пациентите со ревма, објаснуваат научниците.

– Истражувања што се водат во Кина и Италија покажуваат зголемено присуство на цитокини кај лицата кои се под респираторна асистенција, вели професорот Барт Ламбрехт од Универзитетската болница во Гент.

Над триста пациенти заразени од коронавирусот ќе бидат третирани со лекови против ревма во рамките на ова истражување за да се утврди дали тие даваат ефикасни резултати. Научниците се повикуваат на студии од други земји каде што три четвртини од пациентите со тешка форма на Ковид-19 покажале значајно подобрување на состојбата откако биле лекувани со третман против ревма, вели професорот Ламбрехт.

Меѓутоа, останува нејасно кој лек против ревма е поефикасен и дали би била потребна комбинација на терапии. Научниците ги истражуваат и можните нусефекти. тм/

Таг
Back to top button
Close
Close