Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Белгија: Осумдесет и пет нови случаи на заболени од новиот коронавирус, тројца починати

Со ова вкупниот број на потврдени заболени случаи се искачи на 399, со тоа што се тестираат само тешко болни и вратени од ризични подрачја, реалниот број би можел да е поголем.

Брисел, 12 март 2020 (МИА) – Белгиското Министерство за здравство денеска потврди нови 85 случаи на заразени во Ковид-19.

Со ова вкупниот број на потврдени заболени случаи се искачи на 399, со тоа што се тестираат само тешко болни и вратени од ризични подрачја, реалниот број би можел да е поголем.

Од новите позитивни случаи, тројца се наоѓаат во главниот град, Брисел.

Три лица починале вчера од коронавирусот, соопшти министерството.

Триесет и шест случаи на зараза се потврдени во дом за нега на стари лица, домот е сега затворен за посети, а заболените се во изолација. тм/

Back to top button
Close
Close