0_Спорт.ПорталФудбал

Белгија одби да игра со Франција пред Евро 2020

Француската фудбалска репрезентација има тешкотии да најде ривали во пријателски натпревари пред ЕУРО 2020, пренесува „Франс фудбал“.

Париз, 2 декември 2019 (МИА) – Француската фудбалска репрезентација има тешкотии да најде ривали во пријателски натпревари пред ЕУРО 2020, пренесува „Франс фудбал“.

Репрезентацијата на Белгија е една од репрезентациите кои одбија да играат со „триколорите“. Средбата требаше да се одржи во март. Одлуката за откажување е донесена лично од селекторот на тимот Роберто Мартинез.

Главната причина за одбивањето е можен пораз од актуелните светски шампиони. Покрај тоа, Белгија ќе ја изгуби првата линија на рејтингот ако загуби од Франција.

За потсетување, Белгија е ривал на Русија во групната фаза Европското првенство 2020. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close