Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Белгија: Бројот на заразени двојно се зголемува на десетина дена

Бројот на заразени од Ковид-19 во Белгија двојно се зголемува секои дванаесет дена според Институтот за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 16 септември 2020 (МИА) – Бројот на заразени од Ковид-19 во Белгија двојно се зголемува секои дванаесет дена според Институтот за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Помеѓу 6. и 12 септември откриени се 779 нови случаи на коронавирус дневно во Белгија, што претставува зголемување од 52 отсто во споредба со претходните седум дена, изјавија од Институтот за јавно здравје на Белгија.

-Бројот на контаминации дуплира секои дванаесет дена, односно помалку од две недели, изјави портпаролот на Институтот, Ив Ван Латем и повика на поголема внимателност.

Иако сите возрасти се погодени, младите на дваесетгодишна возраст остануваат на врвот.

Географски најпогоден е главниот град, Брисел, со 166 нови заразени дневно изминатата недела, што претставува зголемување од 24 отсто во споредба со претходната, но најбрзо расте бројот на новозаразени во северниот дел од земјата, во источна Фландрија, за една недела бројот се зголемил за 111 отсто.

Загрижува фактот што покрај новозаболените расте и бројот на хоспитализации, со зголемување од 37 отсто, што е највисока стапка од 27 мај наваму. Ако до сега стапката на морталитет не се зголемуваше, Институтот забележува дека и во оваа категорија индикаторите се влошуваат. Помеѓу 6. и 12 септември починале 2,9 лица дневно, што претставува зголемување од 25 отсто во споредба со претходната недела.

Од почетокот на епидемијата, починале 9.930 лица во Белгија од Ковид-19. тм/

Таг
Back to top button
Close
Close