Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Белчишко Блато доби соодветна инфраструктура за негово приближување до посетителите

Познатиот еколошки препознаен локалитет Белчишко Блато од сега ќе биде подостапен за туристите, научниците, рекреативците. Преку проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“ локалитетот доби соодветна инфраструктура како набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци, за негово приближување до посетителите.

Охрид, 23 април 2021 (МИА) – Познатиот еколошки препознаен локалитет Белчишко Блато од сега ќе биде подостапен за туристите, научниците, рекреативците. Преку проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“ локалитетот доби соодветна инфраструктура како набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци, за негово приближување до посетителите.

Инфраструктурата, на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.

– Изградбата на инфраструктурата е во рамките на кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото и негово прогласување за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и неговото значење, информираат од „Екотуризам 2016“.

Реализацијата на проектот е финансиски поддржана од Критичниот еколошки партнерски фонд (CEPF) чии експерти го оценија блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем во државата.аб/цр

Таг
Back to top button
Close
Close