Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Белата куќа побара 2,5 милијарди долари за борба со коронавирусот, демократите велат малку е

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот 2,5 милијарди долари за борба против коронавирусот, соопштија синоќа од Белата куќа. Од таа сума, милијарда долари ќе бидат употребени за вакцини.

Вашингтон, 25 февруари 2020 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот 2,5 милијарди долари за борба против коронавирусот, соопштија синоќа од Белата куќа. Од таа сума, милијарда долари ќе бидат употребени за вакцини.

Администрацијата на Трамп сака да покаже дека е подготвена да се бори со коронавирусот во ситуација кога светските берзи паѓаат поради страв од вирусот, а тоа може да влијае на светската економија.

Вирусот ја помина границата на копнена Кина и се прошири отприлика во 29 земји и територии. Жаришта на заболувањето се појавија во Јужна Кореја, Иран и Италија.

-На ситуацијата гледаме многу сериозно. Денеска Администрацијата ќе предаде на Конгресот план за дополнително финансирање во висина од 2,5 милијарди долари за забрзување на развојот на вакцината, помош за спремност и брза реакција за запирање на ширењето на болеста, изјави Рејчел Семел од канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа.

Парите ќе бидат насочени на лекување, развој на вакцина и резерви за лична заштита, вклучувајќи маски, додаде таа.

Од посочените 2,5 милијарди долари, една и пол милијарда се нова помош, останатите пари се предлага да се обезбедат од веќе одобрените средства за борба со вирусот Ебола.

Претседателот на Комитетот за асигнации при Претставничкиот дом, Нита Лoуи, изјави дека паричното барање на Трамп е „смешно недоволно за заштита на Американците од смртоносната епидемија на коронавирус“. Демократскиот сенатор Чак Шумер изјави дека барањето ја „покажува неговата висока некомпететност“.

Во САД, вирусот не се прошири така како во Кина или во некои други земји, но претставници од американското здравство не исклучуваат таква можност, и покрај тоа што Американците кои се соочија со епидемијата се во карантин.

Според податоци на државниот Центар за контрола на заболувања и превенција (ЦДЦ), во САД досега има регистрирано 53 случаи на заболени од вирусот. Дијагнозите на 14 луѓе беа направени во САД, а останатите 39 се Американци повлечени од кинескиот град Ухан, центар на епидемијата, но и од крузерот „Дајмонд принцес“, уште едно жариште, кој се наоѓа закотвен на брегот на Јапонија и е под карантин. кб/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close