Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Белата куќа може да побара дополнителни пари од Конгресот за борба со коронавирусот

Белата куќа планира да побара дополнителни средства во напорите за борба со коронавирусот, соопштија денеска „Политико“ и „Вашингтон пост“.

Вашингтон, 24 февруари 2020 (МИА) – Белата куќа планира да побара дополнителни средства во напорите за борба со коронавирусот, соопштија денеска „Политико“ и „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот од Вашингтон наведува дека во текот на наредните три дена Белата куќа може да испрати барање до Конгресот во висина од околу милијарда долари.

Претставници од Белата куќа и министерствата за здравство и за социјала засега не ги коментираат изваштаите на изданијата. Најпрвин за ова извести „Политико“.

Двете изданија наведуваат дека барањето до Конгреост се уште се подготвува и дека бараната сума може да се измени.

Епидемијата на новиот коронавирус започна во Кина на почетокот на годината и се прошири надвор од нејзините граници во повеќе земји, со жаришта во Јужна Кореја, Иран и Италија.

Американските берзи денеска регистрираа недоверба со распродажби на акциите на многу компании, по информациите дека смртоносниот вирус се шири и во западниот свет.

Од вирусот досега починаа над 2.628 луѓе, а речиси 80 илјади се заразени. Мнозинството од починатите и заболените се од Кина. кб/сд/

Back to top button
Close
Close