Svet.SlajderСветСвет.Портал

Белата куќа ја откажа посетата на шпанскиот крал заради коронавирусот

Белата куќа денеска соопшти дека ја одложила планираната посета на шпанскиот крал Филип Втори и неговата сопруга Летиција заради пандемијата од коронавирусот.

Вашингтон, 18 март 2002 (МИА) – Белата куќа денеска соопшти дека ја одложила планираната посета на шпанскиот крал Филип Втори и неговата сопруга Летиција заради пандемијата од коронавирусот.

Посетата на шпанската кралска двојка, во која е вклучена и свечена вечара со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија, беше закажана за 21 март , пренесуваат американските медиуми.

Претходно неделава Меланија Трамп соопшти дека ги откажала сите свои велигденски настани заради загриженоста до Ковид-19. сд/

Back to top button
Close
Close