Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бела куќа: Хоспитализиран помладиот брат на Доналд Трамп

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт е хоспитализиран во Њујорк, соопшти денеска Белата куќа без да даде детали.

Вашингтон, 14 август 2020 (МИА) –  Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт е хоспитализиран во Њујорк, соопшти денеска Белата куќа без да даде други детали.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир потврди дека помладиот брат на Трамп е во болница.

Претседателот се очекува да го посети неговиот брат во текот на денот, додаде портпаролот.

Еј-Би-Си јави дека Роберт Трамп бил „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Не е познато за која болест станува збор. зш/

Back to top button
Close
Close