Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бела куќа: Гренел именуван за шеф на разузнавачките служби на САД

Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.

Вашингтон, 20 февруари 2020 (МИА) – Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.

„Претседателот Трамп има целосна доверба дека Гренел ќе ја извршува работата на најпрофесионален начин“, наведено е на веб страницата на Белата куќа.

Во соопштението се додава дека амбасадорот Гренел има големо искуство во работата со службите за безбедност и голем број дополнителни функции, меѓу кои и местото специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и портпарол на САД во ОН.

„Тој е посветен на неполитичкиот и непартискиот пристап и како шеф на сите американски разузнавачки агенции, од кои зависи безбедноста на земјата“, соопшти Белата куќа. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close