Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Бектеши во Тирана: Поддршка и солидарност од сите земји во обнова на погодените подрачја од земјотресот во Албанија

 Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Главна тема на самитот што се одржува во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за економија, е да се даде поодршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја.

Министерот во своето обраќање истакнал дека е почестен што денеска е присутен на овој Регионален Самит, бидејќи Република Албанија не е само наша соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер на Северна Македонија.

– На 26 ноември и Албанија се соочи со голем разорен земјотрес што направи не само голема материјална штета, туку и загуба на човечки животи. Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тогаш клучна беше помошта која стигна од сите страни од светот и од сите нации од светот и го изградивме повторно главниот град, потенцираше Бектеши.

Тој потсети дека веднаш по катастрофалниот земјотрес во Албанија, Владата на Северна Македонија веднаш донесе одлука и упати финансиска помош и тимови од 50 луѓе за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја кои беа меѓу првите кои пружија помош на настраданите подрачја.

– Но, овие природни катастрофи остануваат врежани и оставаат голем печат не само кај жителите, туку и на цели градови, подрачја и региони. Природните катастрофи кои сега ги има многу повеќе од порано, сериозно му штетат на развојот на туризмот во светски рамки. Според Светскиот економски форум, туристичката индустрија учествува со 9,8 отсто од глобалниот БДП, поддржува 277 милиони работни места ширум светот и претставува 6 отсто од глобалниот извоз. Покрај тоа, индустријата има потенцијал за понатамошен раст, oд сегашните 1,1 милијарди меѓународни туристички посети да достигнат 1,8 милијарди до 2030 година. Но, во изминатите неколку години, влијанието на природните непогоди врз туризмот, а со тоа и врз светската економија е се поголемо.Природните непогоди не можат да се спречат, освен ако не ги решиме нашите еколошки проблеми, образложи министерот Бектеши.

Тој потенцираше и дека е многу важно за туристичката индустрија во светот секогаш да има во предвид опасноста дека може да се случи природна непогода и на тој начин да обезбеди одржливост на бизнисот.

Министерот Бектеши подвлече дека сега следува период на обнова во Албанија за која допрва ќе биде потребна голема помош и поддршка не само од регинот, туку и од целиот свет.

– Сакам да го искористам овој Самит и овој денешен настан да ги повикам сите земји во светот да помогнат во обнова на подрачјата кои беа погодени од разорниот земјотрес во Албанија. Исто како што пред пред скоро 60 години помогнаа да се изгради повторно Скопје. Северна Македонија ќе продолжи со сите можни средства да и стои на располагање на Република Албанија со цел да ја преброди катастрофата што и се случи, истакнал Бектеши.

Министерот за туризам и екологија на Албанија, Бленди Клоси во своето обраќање им се заблагодари на сите за поддршката која и ја дале на земјата во земјотресите кои што се случија на 26 ноември минатата година.

– Опстојувањето во вакви природни непогоди и солидарноста е пракса која би сакале да ја споделиме со вас на овој Самит и да укажеме дека туризмот како индустрија е главниот столб на економијата, и не само тоа туку и на хуманоста и менаџирањто со кризи, а тоа го покажува присуството на 12 делегации кои денеска се тука, како никогаш порано за една заедничка цел, кажа Клоси.

Првиот човек на Светската туристичка организација Зураб Пололикашвили во своето видеообраќање пред присутните гости порача дека политичката поддршка ее клучна за успех во туризмот.

– Денешниот Самит е клуч во опоравувањето на албанскиот туристизам и верувам дека туристичкиот сектор во Албанија е подготвен за тоа, истакнал Пололикашвили.фф/дма/

Back to top button
Close
Close