0_Магазин.ПорталСцена

Бекинсејл: Излегувам со помлади момчиња за да ве нервирам

Под видео што можеби и нема многу врска со оваа ситуација, кое глумицата го објави на Инстаграм и на коешто таа си игра со нејзиното маче, (не)очекувано доби коментар - „Зошто излегуваш со момчиња што можат да ти бидат деца?“

Лос Анџелес, 3 јули 2020 (МИА) – Британската глумица Кејт Бекинсејл повторно се занимаваше со своите следачи, обично мажи, на кои им пречи тоа што таа се гледа со момче – точно двојно помладо од неа.

Под видео што можеби и нема многу врска со оваа ситуација, кое глумицата го објави на Инстаграм и на коешто таа си игра со нејзиното маче, (не)очекувано доби коментар – „Зошто излегуваш со момчиња што можат да ти бидат деца?“

Инаку, раперот Гуди Грејс (23) е момчето со кое Кејт се гледа веќе неколку месеци.

„Секоја моја врска со помлади момчиња е за да ве нервирам вас“, одговори Кејт саркастично, на што соговорникот ѝ рече: „Ти треба маж“. Глумицата продолжи со зајадливите коментари.

„Зошто, кажи ми? За да ме спречи да си играм со мачката? Можеби тој ќе сака да си игра со мачката. Или пак, што ако јас не сакам да прекинам да си играм со мачката? Како тој би помогнал?“, продолжи таа со „тролањето“.

Претходно таа беше и во врска со 25-годишниот комичар Пит Дејвидсон. Инаку, глумицата лани се разведе од Лен Вајсман – режисерот на нивниот заеднички хит-филм „Подземен свет“, а претходно беше во брак и со глумецот Мајкл Шин (од 1995 до 2003 година), со кого ја имаат 21-годишната ќерка Лили Мо.

Инаку, еден од оние што јавно јавно ја задеваат Кејт за нејзиниот љубовно-сексуален живот, беше и познатиот глумец Дејвид Спејд.  си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close